Како се менува гума на авион? (ВИДЕО)

Како се менува гума на авион? Одговорот ќе ни го даде видео снимено од инженерите на Virgin Atlantic на аеродромот Гетвик во Лондон, каде тројца од постарите механичари им покажуваат на новајлиите како да заменат една од 18-те гуми на Boeing 747.

Чисто за увид, секое од тркалата на авионот тежи по 228 килограми и е високо по 142 сантиметри. Сепак, и покрај тоа, менувањето на гума на авионот не е многу поразлично отколку менување гума на велосипед или автомобил, а најмногу потсетува на менување на гума на Формула 1 болид.

За почеток, користите дигалка за да го подигнете тркалото за да можете да го отштрафите и безбедно да го извадите. Потоа се нанесува масло, а потоа внимателно се монтира и затега новото.

Гумите се пумпаат со азот, на притисок од 13.7 бари. Азот, а не воздух, се користи затоа што на голема висина гумите се подложени на исклучително ниски температури, при што би замрзнала водената пара во воздухот.

Прочитајте и:  Руски авион се запали при слетување во Анталија – сите патници евакуирани (ВИДЕО)

Пумпањето на гумата е најдолгиот дел од целокупниот процес на менување на тркало на Boeing 747. Може да одземе и до половина од вкупното време. Вентилот на гумата е сличен на вентилот на автомобилска гума.

Откако гумата ќе се напумпа до потребната количина азот, тркалото може да се симне од дигалката и авионот е подготвен да полета кон следната дестинација, откако ќе завршат и сите останати проверки, се разбира.

Инаку, видеото Virgin Atlantic го објави со цел да ги мотивира младите инженери да ѝ се приклучат на компанијата. А покрај останатите проверки и отстранувањето на сите можни дефекти настанати при последниот лет, менувањето на гуми е една од најчестите задачи на механичарите.

Впрочем, минатата година на Гетвик, Virgin Atlantic сменила вкупно 499 тркала. Многу фактори влијаат на скратување на животот на гумата – условите на пистата, тврдите приземјувања, остатоците од стазите кои водат до пистите (taxiways) и слично. Сепак, убедливо најголем дел од гумите се менуваат поради вообичаената дотраеност.

 

 

- Реклама -