Во Турција запленета „златна“ Библија стара 1200 години (ФОТО)

Библија стара 1200 години е пронајдена во турската покраина Diyarbakir за време на организирана акција против криумчари на вредни историски артефакти, соопштија покраинските власти.

Скапоцената Библија има вкупно 34 страници испишани со злато. Тројцата осомничени биле фатени додека во понеделникот се обидувале да ја продадат древната книга во градот Kayapinar. Според кабинетот на гувернерот, вкупно се притворени шест лица. Повеќе детали засега не соопштуваат.

Инаку, регионот е познат по бројните свети места обожувани од христијаните, а турските власти веќе долго време водат борба за сузбивање на криумчарењето на древни артефакти. Впрочем, турскиот туризам во голема мера се потпира на историското наследство. Милиони туристи секоја година ја посетуваат Турција – земја која има околу 3.000 древни градови, оставени од вкупно 42 цивилизации. Затоа секоја година се организираат низа операции против криумчарењето на вредните историски предмети, во насока на заштита на богатото и непроценливо културно наследство.

 

- Реклама -