Авион паднал директно во паркирани автомобили на улица во Перу (ВИДЕО)

Вчера во главниот град на Перу – Лима, среде бел ден се урнал помал авион од моделот ЦХ-2000 користен за обука на воени пилоти. Авионот паднал директно во паркираните автомобили на една релативно активна улица. Падот единствено го ублажиле електричните далноводи кои авионот ги закачил и ги повлекол со себе при паѓањето.

Во инцидентот се полесно повредени само двајца – пилотот и случаен минувач кој одел по тротоарот. Но можело да биде многу полошо.

До падот дошло поради технички дефект. Пилотот не можел да се врати назад до воениот аеродром и бил приморан веднаш да го спушти авионот. Според локалниот полициски началник, пилотот извел маневар со кој спречил повеќе жртви.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Минувачите на улицата, сепак, биле прилично шокирани. Како што се гледа од видеото, некои од нив потрчале да помогнат, додека останатите стоеле збунети обидувајќи се да сфатат што всушност се случува.

- Реклама -