Меккејлеб растура во Турција

Лестер Бо Мекејлеб неколку години ги импресионираше кошаркарските фанови ширум Италија, а сега истото го прави на терените низ Турција.

На македонскиот репрезентативец не му требаше премногу време да се адаптира на новата средина, па експресно се промовираше во лидер на тимот на Фенербахче Улкер, каде што пристигне од редовите на Монтепаски Сиена.

Токму Меккејлеб беше еден од лидерите на составот на Фенербахче при убедливата победа од 91:59 над Ердемир во рамките од Купот на Турција. Откако Фенер ја загуби првата четвртина со 17:24, турскиот гигант во преостанатиот дел од мечот одигра фанатична одбрана дозволувајќи само 35 поени за 30 минути игра, додека на спротивната страна Меккејлеб и соиграчите го полнеа кошот на Ердемир.

Прочитајте и:  Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил

Нашиот ас со 15 поени беше трет стрелец на Фенербахче на оваа средба (зад Онан со 23 и Богдановиќ со 18 поени), но треба да се напомене и дека Меккејлеб имаше и пет асистенции и две украдени топки при очекуваниот триумф на неговиот тим.

- Реклама -