Неверојатни сцени од Чикаго: Поларниот студ го замрзна езерото Мичиген (ГАЛЕРИЈА)

Со температури од 50 степени под точката на мрзнење на водата, брегот на езерото Мичиген се претвори во ледена зимска бајка која прави дури и локалните да го засакаат студот. Меѓутоа, тоа тешко ќе им оди, особено ако се надвор. Поларниот вртлог го досесе најстудениот ден во Чикаго во последните 150 години. Жителите се предупредени да ја покријат устата колку можат повеќе и да дишат плитко и да избегнуваат да зборуваат додека се надвор. Вчера гувернерот на Илиноис прогласи вонредна состојба, порачувајќи дека надвор има вистински ризик од хипотермија и смрзнатини. „Дури и пет минути изложеност може да има многу сериозни последици по здравјето“, стоеше во соопштението.

Езерото Мичиген, пак, е петтото најголемо езеро по површина во светот и никогаш нема целосно замрзнато. Според Том Скилинг – долгогодишен метеоролог и водител на временска прогноза од Чикаго, 90 до 95% од површината на езерото била покриена со мраз за време на зимите во 1903-1904, 1976-1977, 1978-1979 и 2013-2014 година. Но нема зима кога езерото било целосно замрзнато.

„Брановите и ветерот, комбинирани со големата залиха на топлина во езерото, досега спречуваат тоа целосно да замрзне“, пишуваше Скилинг во 2017-та. Сега приказната е друга. За моменталното време во Чикаго, метеорологот смета дека придавката „брутално“ е потценувачка.

„Езерото Мичиген изгледа како зовриен котел кога воздухот од -20 и помалку степени доаѓа во контакт со водата што се оддржува малку над точката на мрзнење“, пишува тој во својот извештај. „Живеам овде 40 години и никогаш до денеска немам видено поспектакуларна глетка на ‘морски чад’“, пишува Скилинг. Еве на што мисли:

Извор: Вашингтон Пост

- Реклама -