Иако туристите се одамна предупредени да престанат да ја прават „онаа работа“ на популарната нудистичка плажа Es Cavallet на Ибица, изгледа апелите не стигнаа до својата дестинација. А сега, се чини, веќе е предоцна.
Бројот на туристи кои имаат ceкc на Es Cavallet ја надмина „прифатливата“ граница, па веќе почна да им штети на заштитените песочни дини. Освен како ceкc дувло штом ќе зајде сонцето, плажата е толку популарна и токму поради белиот песок, па секоја година ја посетуваат милиони туристи, од кои дел не се колебаат да се протркалаат по песокот разменувајќи страсти.
Токму таа активност е главниот виновник за ерозијата на познатите и деликатни песочни дини кои се дел од националниот парк Sea Salines, оценуваат од друштвото за заштита на животната средина. Согласни се и геолозите и биолозите, според кои е направена штета која не може да биде поправена. Освен песокот, паровите кои се кријат зад песочните дини ги уништуваат и чувствителните растителни видови.
Иронично е што и покрај тоа што кампањата против ceкcуалните активности на плажата трае со години, Ес Кавалет на интернет се промовира токму како „идеално место да прошетате гoли и да пронајдете љубовник меѓу дините“. Сега на властите не им преостанува друго, па размислуваат конечно да воведат казни.