Студија објавена во вторникот се фокусира на вредноста на моќни брендови и проблемот на брендовите чија вредност опаѓа.
Студијата е тринаесетиот Best Global Brands извештај од Interbrand, компанија за консултација на брендови во сопственост на Omnicom Group. Извештајот ги рангира 100-те најмоќни брендови според критериуми како финансиски перформанси, влијанието на брендот врз потрошувачите и способноста на брендот да му помогне на сопственикот на брендот да оствари профит.
Совршен пример за успешен бренд е Coca-Cola, бренд кој е на врвот на листата веќе 13 години по ред. Неговата вредност е проценета на околу 77,8 милијарди долари што е 8 процентно зголемување споредено со претходната година. Но покрај доминацијата на врвот на списокот, осум од останатите топ 9 брендови претрпеле промени, меѓу нив Apple, кој се искачил до второ место од осмо и Samsung кој се искачи од седумнаесто на деветто место.
Два брендови испаднале од топ 10: Disney, паднал на 13 место од деветто минатата година и Hewlett-Packard, кој паднал на петнаесто од десетто место. „Брендовите како Apple и Samsung го одредуваат темпото“ вели Џез Фремптон од Interbrand, додавајќи дека технолошките компани се доминантни со силни перформанси. Всушност, од топ 10 брендови, пет се технолошки: Apple, Google, Microsoft, Intel и Samsung. [Best Global Brands]