Освестувачки принтскрин се врти на друштвените мрежи во регионов. Во него се собрани наслови од статии на интернет порталите на нашево балканско поднебје, на тема „најстар народ“ на Балканот и/ли Европа.
Реално, нема ни потреба да се читаат самите статии. Од самиот збир наслови станува јасно – сите сме најстар народ на Балканот. Или е тоа, или сите до еден имаме пуста желба да сме најстар народ на Балканот. Во реалноста, пак, се поставува едно друго прашање: Важно ли е кој е најстариот?
ПС. Фотографијата е од Ново Село, направена некаде пред 1926 година.