Австрискиот претседател на работа и состаноци оди со метро (ФОТО)

Австрискиот претседател Alexander Van der Bellen деновиве собира куп честитки на Инстаграм, откако објави фотографија додека се вози во виенското метро на пат кон работа.

Во описот на фотографијата, 75-годишниот Ван дер Белен – кој е претседател на Австрија од 2017 година, појасни дека на фотката е фатен додека стоечки ги прегледува белешките на пат кон закажаниот состанок.

Приземноста на австрискиот претседател беше поздравена со општа воодушевеност, а причината е разбирлива – во многу земји, а особено на Балканов (со исклучок на Еди Рама, можеби), вакво нешто е непоимливо. И не поради тоа што немаме метро.

 

Прочитајте и:  Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
- Реклама -