Пилот фатен на камера како се прекачува во кокпитот преку прозор… Видеото стана популарно откако неодамна беше објавено од пилот на Бритиш Ервејс под псевдоним „Jonny the Pilot“, со зборовите: „Она кога доцниш на работа, а си ги заборавил клучевите…“.
Случката наводно е снимена на аеродромот Хитроу, пилотот е неидентификуван, а истото видео на YouTube е објавено уште во 2016-та. И покрај тоа, дел од корисниците останаа запрепастени и се прашуваат што всушност прави пилотот и зошто потреба од вакво прекачување.
Други не ја сфатија шегата, па коментираа дека големите патнички авиони немаат клучеви. На прашањето на Твитер корисник дали ова е честа пракса, друг му одговори дека единствена ситуација кога ова би било потребно би била кога блиндираната врата е заклучена, а на пилотот не му текнува кодот за да ја отклучи.
Друг корисник објаснува дека помалите авиони имаат клучеви, но не сите. Дури и кај тие што имаат, клучевите се само за вратата. Штом влезете внатре, тешко дека ќе ви треба клуч за да го запалите моторот.