Најголемата колекција на минијатурни книги во светот

книгиЉубителот на книги Јозеф Тари има мала опсесија – тој ја составил најголемата колекција на минијатурни книги во светот. Унгарецот има десетици полици со над 4500 книги со тврди и меки корици со големина од по неколку милиметри.

книгиЈозеф, кој работи како печатар, има минијатурни книги со содржини од литература, историја, политика, спорт и уметност од 31 земја во светот. Најмалата книга во неговата колекција е само 2,75 милиметри висока и 1,75 милиметри широка – или четвртина од големината на монета од 1 денар и го содржи зборот „книга„ во десет јазици. Иако книгите имаат многу мали страници, содржината е напишана со фонт кој лесно се чита со голо око.
книгиТој вели: „Мојот интерес за минијатурни книги се роди уште кога учев за да станам печатар. На почетокот ги чував во картонска кутија но подоцна направив полици за да можам да ги изложам. Имам 4500 книги во моментот, но бројот постојано се менува. Секогаш пробувам да најдам по неколку примероци од книгите за да имам копии за разменување со други колекционери.“
Некои од книгите се напишани специјално за минијатурниот формат додека други се смалени верзии на  поголеми изданија. Ниту една од книгите не е повисока од 76 милиметри. Јозеф започнал да ги собира минијатурните книги во 1972 година и сега ги добива како подароци од роднини и пријатели. Неговата прва книга била „Устав на Унгарска Народна Република“ која е широка 26 и висока 35 милиметри.
книгиЈозеф исто така и самиот прави минијатурни книги за разменување со колегите колекционери од целиот свет. Најстарата книга во колекцијата на Јозеф е стара сто години. „Исто така објавив минијатурни книги кои самиот ги дизајнирав и подготвив. Ќерка ми Естер, која е уметник, ги илустрираше“ додал Јозеф. „Во мојата колекција сè уште недостасуваат некои Унгарски ретки изданија, но речиси е невозможно да се најдат.“ [He loves a bit of light reading: The man with the world’s biggest collection of miniature books]

- Реклама -