„Националниот интерес на Бугарија во однос на Република Македонија е да има стабилен, безбеден и предвидлив сосед. Таква ќе биде кога ќе биде членка на НАТО и Европската унија“, изјави бугарската министерка за надворешни работи – Екатерина Захариева за бугарската „Нова“.
Таа додаде дека Бугарија нема да прави компромиси со условите кои треба да се исполнат за да се биде дел од целиот преговарачки процес за пристап во ЕУ.
„Еден од основните услови во претпристапниот процес е да имате добрососедски односи, да не водите изолациона и националистичка политика, да не ја крадете историјата на соседите и да не го негирате општото историско минато. Бугарија многу јасно ќе ги постави тие услови“, порача Захариева, пренесува БГНЕС.