Апасиев до ВМРО-ДПМНЕ: Дај не бидете деца и ајде влагајте во Собрание!

Ако сакаше, ВМРО-ДПМНЕ можеше да ги спречи уставните измени, смета професорот Димитар Апасиев. „Но, не сакаше“, констатира тој:

„Она што никад не смее да им се прости на ДПМНЕ е дека напуштија терен тогаш кога најмногу и требаа на Републиката! Ако ВМРО влезеше радикално во процесов, денес пред Собрание ќе бевме 50.000 наместо 500. Но, реалната битка се води внатре во парламентот. Имавте капацитет да го одолговлекувате процесов барем до пролет. Таман додека падне Ципрас“, пишува Апасиев на својот Фејсбук профил.

„За комуњарите од СДСМ знаевме дека се квислинзи, ама за вас не знаевме дека сте колаборационисти! Ви олесна шо на СДСМ му се „падна паричето“ да го решава името. Епа – еве, не’ решија! Со Преспанска + Тиранска платформа (гратис). Можевте да спречите. Со координирани акции на Претседателот на Републиката и на пратеничката група. Имавте и имате процедурални инструменти во рака. Плус, можевте и со тавчиња и тенџериња внатре, со солзавец и петарди, па дури и со тепачки у Собрание! Можевте. Ама – не сакавте“, пишува Апасиев, испраќајќи уште еден „последен апел“:

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

„ВМРО! Дај бе не бидете деца. Влезете у Собрание и одолговлечете бар до утре. Со скандали, со све. Будаливе вазали може до вечер да ја напраат бељата, а веќе утре да падне Владата на Ципрас. Каменос вика: „НИЕ ИЗЛEГУВАМЕ“.

p.s. Оправдајте го пратеничкиот мандат!“

- Реклама -