Манчестер Јунајтед со преполовен состав патува за Романија

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, се соочува со сериозни проблеми во пресрет на дуелот од второто коло во Лигата на шампионите, во коешто „Црвените ѓаволи“ ќе му гостуваат на составот на Клуж.

Ферги најавува дека неговиот тим експресно ќе се врати на победнички патеки по поразот на последниот меч во Премиер лигата од Тотенхем, но тоа нема да му биде ни малку лесно ако се знае дека на Јунајтед во Романија ќе му недостига помошта на Видиќ, Џонс, Валенсија, Јанг, Сколс, Карик и Гигс.

Видиќ и Џонс веќе извесно време се повредени, а нивното отсуство уште повеќе се чувствува поради слабата форма на Рио Фердинанд. Антонио Валенсија му се приклучи на Ешли Јанг на листата на повредени крилни фудбалери, а дополнителен проблем за Ферги претставува премореноста на ветераните Гигс и Сколс, како и ситната повреда на Мајкл Карик поради која што ниту овие тројца фудбалери нема да бидат во комбинација за настап на утрешниот дуел.

Прочитајте и:  Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда
- Реклама -