Мицкоски ќе се обрати пред демонстрантите пред Собранието, но утре, во својство на граѓанин

Денеска „ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на граѓанскиот протест пред Собрание против насилните уставни измени. Самиот протест е реакција на насилната акција на власта за носење на уставните измени, и самиот собир ВМРО-ДПМНЕ нема да го злоупотреби во тесно партиски цели“, велат од партијата.

Откако и покрај повиците на демонстрантите од „Тврдокорни“ и „Македонија Блокира“ денес Мицкоски не се обрати од нивната бина, од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека Мицкоски тоа ќе го стори утре, во својство на еден од револтираните граѓани. Не се наведува дали обраќањето ќе биде од говорницата на која беше повикуван денес:

„И покрај уфрлените елементи кои сакаат да го дефокусираат самиот протест граѓаните покажаа достоинство и не подлегнаа на поединечните провокации. Тоа преставува изолиран и очаен обид на власта да го пренасочи вниманието. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес јасно го изрази својот и ставот на партијата дека ВМРО нема да поддржи уставни измени и нема да даде легитимитет на нешто што нема легитимитет од народот. Во текот на утрешниот ден Мицкоски во својство на еден од многте граѓани ќе се обрати пред Собранието на Република Македонија“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ
- Реклама -