Федерер низ солзи се сеќава на неговиот тренер Питер Картер

Во интервјуто за Си-Ен-Ен, на прашањето на новинарката за неговиот поранешен тренер Федерер не успеа да ги задржи солзите.

Питер Картер бил еден од првите тренери на Роже Федерер.

Федерер раскажува за него „Питер дојде да игра клупски тенис во Базел, кога бев многу млад. Ми даваше совети. Беше многу важна личност во мојот живот, на него најмногу сум му благодарен за мојата техника“.

Картер загинал во сообраќајна несреќа во 2002 година во Јужна Африка за време на својот меден месец, а една година подоцна Федерер го освои својот прв грен слем трофеј.

„Се надевам дека би бил горд на мене. Тој не сакаше да бидам само уште еден залудно потрошен талент. Мислам дека тоа ми беше будење, кога почина, тогаш почнав да тренирам многу напорно“, изјави Федерер низ солзи, откако беше запрашан што би рекло Питер сега ако може да види што направил во кариерата.

- Реклама -