Епидемијата на мали сипаници ги вознемири граѓаните на Скопје, кои со различни коментари реагираат на социјалните мрежи за и против имунизација на децата од МРП вакцината која штити од морбили, рубиола и заушки. Во пунктовите за имунизација гужва од дечиња кои чекаат да бидат вакцинирани и чија бројка постојано расте и достигна 939 вакцинирани дечиња. На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани неколку дечиња со компликации од морбили за која се грижи стручен тим, а колкава ќе биде бројката само може да се стравува, бидејќи инкубацијата на заразените се уште трае. Градинките пак ги затворија вратите за невакцинираните деца за да ги заштитат најмалите до година кои се уште не се имунизирани бидејќи за прв пат МРП се става на возраст од 13 месеци. По тој повод, за оваа сериозна состојба во главниот град „Фокус“ зборува со министерот за здравство Венко Филипче.
Министре Филипче, имунизацијата со МРП вакцината е во тек, се поголем број на родители ги вакцинираат своите деца, дали тоа ќе го спречи ширењето на епидемијата?
-Бројката на невакцинирани деца е навистина голема, станува збор за популација во градот Скопје на деца од околу 11.000 кои не се вакцинирани, пред се деца на возраст од една до пет-шест години. Интересно е што процентот на невакцинирани е најголем околу 50% кај децата што се на возраст од околу една година, тогаш кога треба да се вакцинираат. Родителите плашејќи се од тоа да не се појави аутизам почнуваат да ги вакцинираат откога ќе проодат и прозборат, па така децата што се во прво и второ одделение се веќе вакцинирани при што тогаш опфатот е околу 94%, што не е така лош резултат. Наша фокус група сега за вакцинирање се децата од една до пет години. Зошто навистина е голем процентот на невакцинирани деца, а доказ за тоа е што токму морбилиите се јавија во градинка. Со една ваква акција и ваква мерка која се презеде откога се прогласи епидемија е за да не се пуштаат во градинка невакцинирани деца. Резултатот, се надевам, дека ќе биде добар, бројката ќе се зголеми, а трендот што почна ќе продолжи и во следните денови. Се надевам дека ќе има ефект да ја прекинеме оваа епидемија на самиот почеток, бидејќи ако дозволиме да се шири епидемијата и понатаму, резултатите можат да бидат катастрофални.
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈТЕ ГО НА „ВЕЧЕР“.