Заев: Јас би ги отворил сите граници, веднаш

Премиерот Зоран Заев не гледа ништо спорно во изјавата на албанскиот премиер Еди Рама кој во новогодишната порака до нацијата истакна дека очекува отворени граници и со останатите соседи, меѓу кои и Македонија, по примерот на границата со Косово. Во таквата отвореност Заев препознава единствено економски бенефит и забрзување на протокот на патници и стока.

„Јас би ги отворил сите граници, веднаш“, коментира тој за изјавата на Рама“.

Благоја Марковски – безбедносен аналитичар, има поинаков став. Според него, изјавата на Рама дефинитивно е двосмилена и треба да се сфати сериозно. Тој во изјавата препознава и елементи кои алудираат на промена на границите и етничката мапа на регионот, пренесува Канал 5.

ФОТО: Заев и Рама на средбата на бизнис лидери за југоисточна Европа, октомври 2017-та (EurActiv).

 

 

- Реклама -