Кинеската сонда Chang’e 4 денеска успешно го изведе првото слетување во историјата на далечната страна на Месечината.
Лунарната сонда слета во 10.26 часот, соопшти кинеската државна телевизија во своите пладневните вести. Сондата беше лансирана на 8 декември 2018-та. Претходно, во мај, Кина лансираше комуникациски сателит преку кој сондата на далечната страна на Месечината ќе комуницира со Земјата.
Претходникот на оваа четврта генерација – Chang’e 3, во 2013-та стана првото вселенско летало што слетало на Месечината по далечната 1976 година, кога тоа го направи советската сонда Luna 24. Ова слетување, пак, на Chang’e 4, е и предвесник на сé поголемите кинески амбиции во вселената. Веќе идната година Кина планира на Месечината да ја испрати Chang’e 5, која ако сé оди по планот, на Земјата ќе се врати со опипливи примероци. Тоа, исто така, последен пат е направено во 1976.
Повеќе за тоа што ќе прави Chang’e 4 на „темната“ страна на Месечината, прочитајте ТУКА.