Тим универзитетски научници решиле да постават нов светски рекорд за лет на хеликоптер со човечки погон. 50 студенти од Универзитетот од Мериленд го развиле хеликоптерот наречен Гамера.
Погонот на возилото е пилотот, кој во обидот за поставување на рекордот бил 24 годишната Џуди Векслер. Нормално леталото не ја претставува иднината на личниот транспорт, рекордот кој тимот сакал да го постави бил лебдење 7,5 до 12,5 сантиметри од земја во времетраење од 4 секунди. Претставник на универзитетот по обидот изјавил: „Хеликоптерот Гамера, дизајниран и изграден од студентите со Џуди Векслер како пилот, оствари сè уште неофицијален рекорд лебдејќи 7,5 до 12,5 сантиметри од земја во времетраење од 4 до 6 секунди.“
{youtube}q70tM5sDQhc{/youtube}