Експремиерот Никола Груевски територијата на Република Македонија не ја напуштил преку некој од официјалните гранични премини, открива државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА.
„Сослушани се и сведоци, но за да не наштетам на предистражната постапка други детали не можам да откривам“, вели тој, истакнувајќи дека Обвинителството продолжува да работи на обезбедување на докази, како по домашен, така и по меѓународен пат, од надлежните органи на Албанија и Црна Гора. Добиени се снимките од безбедносните камери на патиштата, наплатните рампи, граничните премини, како и околу домот на поранешниот премиер, додава Јовески.