1 јануари 2019-та. Им кажуваме добредојде на даночните реформи против кои се изјаснија многумина но сепак од денес тие стапуваат на сила.
Во Македонија денес стапува на сила прогресивното оданочување. Тоа значи дека се воведува прогресивен данок со дополнителни осум пропценти данок над месечна брутозаработка од 90.000 денари. Со стапка од 18 проценти ќе се даночи секој износ кој е над овој лимиит.
Од денес персоналниот данок за приходите над 90.000 денари ќе изнесува 18%, но целокупниот закон има и други мерки кои ги опфаќаат и добивките од кирии, дивиденди, игри на среќа и друго што ќе се даночи со единствена стапка од 15%.
Поранешниот гувернер и министер за финансии Петар Гошев со коментар за Фактор вели дека даночната реформа беше потребна, затоа што конечно мора да се напушти концептот на рамен данок.
Целата статија на ФАКТОР.МК