Како набрзина да ги украсите прозорите така што лесно да се чистат? (ФОТО)

Уште неколку часови до 2019-та, а вие не сте со намера да ги украсувате прозорите. Да, вие би сакале, ама сметате дека немате време и би било многу работа. А што ако ви кажеме дека можете да направите да изгледаат прекрасно во комбинација со сијаличките за многу пократко од тоа што вие мислите?

Тајната се вика… сапун! Да, земете обичен сапун, изделкајте со нож еден од рабовите за да добие малку поостар врв за да можете да цртате фини тенки линии, и пуштете имагинацијата да ве води. Се разбира, не пропуштајте и снегулки, ѕвончиња, елки…

Најдоброто од сé е тоа што бидејќи се работи за стакло, од другата страна можете да залепите цртеж/шема по која ќе цртате. Така што, не ви преостануваат изговори!

- Реклама -