Возачот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети вчера бил приведен од специјалната полициска единиза „Алфа“, објави албанскиот портал „Алмакос“.
Не се познати причините поради кои е приведен, но се знае дека заедно со него е приведено уште едно лице. Двајцата се однесени на разговор во полициската станица Ѓорче Петров, каде што биле задржани неколку часа.