Комплицирани компромиси намерава да направи Зоран Заев за да обезбеди мнозинство во парламентот за промена на името, пишуваат грчки медиуми кои пренесуваат анализа на германкиот Фракфуртер алгемајне цајтунг(ФАЗ)
„Во 2018 година, немаше многу добри вести од Југоисточна Европа, но има некои позитивни настани, меѓу кои и можноста за решавање на спорот околу името меѓу Грција и ПЈРМ, спор што трае повеќе од 25 години” оценува весникот кој пренесува дека на 15 јануари парламентот на БЈРМ се очекува да гласа за преименувањето на земјата во “Северна Македонија”, по што Преспанскиот договор мора да помине и низ грчкиот парламент во февруари, но со просто мнозинство.
Останува неизвесно дали тоа ќе се случи зашто во Скопје Зоран Заев треба да обебеди 80 – мнозинство гласови за уставна ревизија… Затоа е приморан на контроверзните компромиси.
Според ФАЗ еден од компромисите е и неодамнешниот Закон за амнестија, кој се однесува на група опозициски пратеници ВМРО-ДПМНЕ, кои учествуваа во насилните инциденти во април 2017 година во скопскиот парламент.
Амнестијата, според весникот, доаѓа во моментоткога Зоран Заев треб да обезбеди позитивното гласање од овие пратеници на гласањето во јануари.
„Се разбира, ова не е официјално кажано. Типично, формирана е комисија за парламентарно помирување за опозициони опоненти“.
Но во суштина, тоа е компромис кои се базира на желбата да не одат во затвор оние пратеници кои учествуваа во насилни инциденти, во замена за обезбедување на потребното мнозинство, пишува ,ФАЗ.
Но „многу од поддржувачите на Заев се разочарани, бидејќи тој постојано уверуваше, па и во интервју за ФАЗ, дека нема да има амнестија во замена за мнозинство во парламентот“.
Весникот додава дека многумина од оние кои сакаат да го зајакнат владеењето на правото како одговор на суровоста и недостигот на вредности на претходната влада на Груевски, сега се несреќни.
Други, пак, мислат дека полошо од контроверзно простување е – да се изгуби историската можност змјата да се приклучи на Запад.
Но, според весникот ризикот е реален, бидејќи Алексис Ципрас веројатно ќе биде поразен на грчките парламентарни избори во 2019 година. а, неговиот потенцијален наследник, Киријакос Мицотакис, кој е под притисок од моќното десничарство на Нова демократија , „тешко дека ќе даде согласност за ратификација на договорот за Северна Македонија“.