Амнестијата го суспендираше редот и правниот систем. Ова е ставот на правниот експерт, Насер Зибери, според кого предлагачот на Законот за амнестија воопшто не го земал во предвид функционирањето на правото и правдата. Зибери нагласи дека при усвојувањето на Законот доминирал политичкиот опортунитет, бидејќи е очигледно дека не е усвоен заради општествено помирување, туку за усвојување на уставите измени, пренесува Алсат-М.
-Овој закон всушност вклучува неправда, тој е селективен затоа што како е можно да се амнестираат лица со иста квалификација на кривични дело, а други да бидат осудени на доживотен затвор, како може некој во рамките на истото дело да се амнестира, а некој да се казни. Значи, Законот во себе е конфузен, селективен, нејасен и неправеден. Но ,политичката опортуност го натера предлагачот да ги прекрши овие принципи на уставниот поредок на правото и правдата, за да добие поддршка од 80 гласови за уставните измени. Не може да има друго објаснување за оваа уставна измена, и не може да се оправда“- изјави Насер Зибери, експерт.
Зибери предвидува дека за постигнување на мнозинство од 80 гласови во Собранието за усвојување на уставните измени, граѓаните ќе платат и повисоки сметки од политичката амнестија и кои не се компатибилни со уставниот поредок.
-Мислам дека ќе плаќаме уште поголеми сметки и голем број на сметки. Една од нив е последната измена на уставниот закон во кој исто така се вклучуваат голем број луѓе кои му се потребни на парламентарното мнозинство за уставни промени, со менување на членот што ја регулира злоупотребата на службената должност. Ослободувањето на Мијаков од притвор и на компанијата, како и другите дејства кои можат да се очекуваат во иднина се цената со долга листа на дејствија што владата ќе мора да ги плати, за да го заокружи договорот од Преспа, и да се отворат вратите за евроинтеграција, но сите овие не се компатибилни со уставниот поредок, со зачувување на владеењето на правото и правдата“- рече Насер Зибери, експерт.