Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во интервју за Канал 5 говореше за одлуката за домашен притвор на Сашо Мијалков, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.
„Убедени сме дека Мијалков, Јанакиески и Божиновски нема да се дадат во бегство затоа побаравме за нив домашен притвор“, истакна Јанева за Канал 5.
Јанева смета дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да си ја гледа неговата работа и да не се меша во обвинителството.