Република Германија се соочува со страшен дефицит на работна сила. Иако добар дел од Балканот се пресели на работа во Германија, таму сеуште недостасуваат над 1 милион работници. Дали знаете кои се најбараните професии и колкави се платите за истите?
Доколку ги погледнеме веб страните за вработување и посредување при работа, веб страната на нивната национална служба за вработување ќе забележиме дека најчесто се бараат работници со полно работно време. Берлин има најголема потреба од кадар, потоа следуваат Минхен, Хамбург, а над 10 илјади слободни работни места има во Келн, Штутгарт, Диселдорф.
Од занаетчии до високообразован кадар, во Германија можете да најдете секаков тип на работа. Една од страниците наведува дека најголема потреба од над 4 000 работници се потребни како продавачи, потоа менаџери за продажба и комерцијалисти. Се чини дека во секторот трговија има најголема потреба од кадар. Платите за еден продавач се движат околу 1800 евра.
Дел од вработувањата се со плата по час, па така доста барани се и возачи, возачи на виљушкари, автомеханичари чии плати се движат околу 14-15 евра од час. Посредници од областа на осигурувањето, магационери и сезонски работници заработуваат околу 16 евра од час.
Платата за чистачи се движи до 1 800 евра. Заварувачи, вулканизери и останати занаетчии се исто така многу потребни. Работниците во производство заработуваат околу 10 до 15 евра од час.
Според некои истражувања, фармацевтската индустрија дава највисоки плати со просечни бруто примања од околу 70 000 евра годишно. На второ место се банките, а на третото индустријата за автомобили. Работниците во машинската индустрија заработуваат околу 65 000 евра бруто плата годишно.