Камчев и Панделески не ги чува полиција, МВР сé уште нема добиено абер

Орце Камчев и Цветан Панделески добија куќен притвор, што значи дека нема да смеат да ги напуштат своите домови. Како што објасниле од СЈО за „Фокус“, за тоа ќе се погрижи полицијата, која неколкупати во денот ненајавено ќе прави контроли, како што е наведено во решението на судот.

Но нема да биде изненадување ни ако Камчев и/ли Панделески денеска „ненадејно“ ги снема, бидејќи како што изјави министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски, во „Клик Плус“ на ТВ 21, до моментот на неговото влегување во студиото, МВР немало добиено „никакво известување ниту пак решение за тоа дека треба да се преземаат некакви мерки во однос на обезбедување“.

Во меѓувреме, што ќе се случи АКО полицијата направи проверка и утврди дека Камчев и/ли Панделески не се дома? Па не многу. Веднаш ќе им биде вратена мерката притвор.

Изјавата на Оливер Спасовски погледнете ја на ТВ 21.

- Реклама -