Подарок за Божиќ: Им ги отплатил сите долгови и кредити на родителите (ВИДЕО)

Брејди Сингер има 22 години и годинава дебитираше во американската бејзбол лига како 18. пик на драфтот за Канзас Сити Ројалс.

Освен што веднаш покажа резултати, Сингер за потпишување на договорот си лапна и 4.25 милиона долари бонус.

Но Сингер, како што самиот вели, немало да стигне тука ако не биле неговите родители – тие што го носеле на натпреварите, тие што му купиле опрема, тие што секогаш правеле куп жртви за тој да го достигне својот сон.

Па ете, за првиот Божиќ откако има своја пристојна паричка, Сингер решил тој да направи нешто за нив. Па така, им пишува писмо со благодарност во кое ги известува дека им ги платил сите долгови и кредити. Плус, моментот е овековечен во видео. Тргнавме да го преведуваме писмото, ама нема потреба – и да не разбирате англиски, ќе ги разберете емоциите:

Ова е момакот:

- Реклама -