Русија се пофали со ново оружје „недопирливо за секоја одбрана“ (ВИДЕО)

„Новото стратешко оружје на Русија ја прави секоја противракетна одбрана бескорисна“, изјави рускиот заменик-премиер Јуриј Борисов.

За руската национална телевизија, Борисов се пофали дека новиот хиперсоничен ракетен систем „Авангард“ лета со брзина 27 пати поголема од брзината на звукот (343 m/s), што го прави недопирлив за било коj пресретнувачки систем.

Изјавата на Борисов доаѓа еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин го надгледуваше тестирањето на системот и го поздрави како гарант на безбедноста на Русија во децениите што следат. Како што пренесе „Ројтерс“, Кремљ во средата соопшти дека системот е успешно тестиран, додавајќи дека може да носи и нуклеарни и конвенционални боеви глави.

Путин најави нови оружја во март годинава, вклучително и „Авангард“, со порака дека тие можат да ја погодат било која точка на планетата, како и дека можат да го избегнат американскиот ракетен штит.

Прочитајте и:  Путин со обраќање до нацијата: Конфликтот доби глобален карактер

- Реклама -