Како Доналд Трамп избегнал да биде регрутиран во Виетнам

Есента 1968 година, во совршен тајминг Доналд Трамп добива медицинска дијагноза поради која ќе избегне да биде регрутиран во војска за време на војната во Виетнам. Шилци во петата, вели дијагнозата.

Веќе 50 години деталите за тоа како Трамп избегнал војска се нејасни, а беше мистерија и кој ја направил и потпишал дијагнозата. За време на претседателската кампања за изборите во 2016-та, Доналд Трамп тврдеше дека не се сеќава кој бил докторот што го поштедил од војска.

Сега нештата излегуваат на виделина. Се работи за доктор од Квинс, Њујорк, кој работел во канцеларија изнајмена од таткото на Доналд Трамп – Фред Трамп. Освен идентитетот на докторот, станува јасно и дека дијагнозата била „услуга“ за Фред Трамп.

Во средина е Доналд Трамп, за време на своите сениорски години на Воената академија.

Педијатарот – д-р Лери Браунстин, починал во 2007 година, но неговите ќерки (53 и 56-годишна, едната исто така докторка) денес сведочат дека често ја раскажувал приказната дека му помогнал на младиот Трамп за време на војната во Виетнам, како услуга за неговиот татко, објави New York Times. Според нив, нивниот татко имплицирал дека младиот Трамп всушност немал шилци во петата, а не се сигурни и дали воопшто го прегледал.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Десетици години д-р Браунстин примал пациенти во збиената канцеларија (фото) во Квинс во зградата Edgerton Apartments, која во 1960-тите била една од дузината згради поседувани од семејството Трамп. Трампови ја продале зградата во 2004-та, покажуваат документите.

 

Што добил д-р Браунстин за возврат? „Пристап до Фред Трамп“, вели една од ќерките. „Кога и да имаше проблем во зградата, татко ми ќе му се јавеше и Трамп веднаш ќе се погрижеше истите да бидат решени. Тоа беше малата услуга која ја доби за возврат“.

Ќерките на д-р Браунстин шпекулираат дека во случајот бил вмешан и уште еден педијатар – д-р Мени Вајнстин. Вајнстин починал во 1995 година, а во спорниот период живеел во два стана во Бруклин, исто така поседувани од Фред Трамп. Документите со кои располага градската администрација покажуваат дека во првиот стан се вселил токму кога младиот Доналд Трамп бил поштеден од регрутација.

Повеќе на New York Times.

- Реклама -