Вечерва или најдоцна до утре, од притвор со одлука на судија од скопска единица ќе излезат Миле Јанскиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други познати политички и бизнис личности кои во последните два месеци по барање на СЈО завршија во зaтвopoт “Скопје”, дознава Cудcтвo.мк.
Причината за ваквата одлука, барем официјално, е тајна. Се претпоставува дека зад одлуката се крие политички договор меѓу власта и опозицијата.
Дел од роднините на притворените со кои контактирале од порталот „Cудcтвo“ ја потврдуваат веста и велат дека очекуваат повик кога да ги пречекаат најмилите пред затворот.