Си бил еднаш еден бизнисмен, кој шетајќи по плажата крај мало бразилско село, здогледал еден рибар како седи под дрво и ужива во преубавата глетка која била пред него.
Кога бизнисменот го запрашал зошто седи под дрвото, а не работи ништо, овој му одоговорил дека фатил доволно риби за еден ден.
Слушајќи го тоа богаташот луто му рекол: Зошто не фатиш повеќе риби отколку да седиш тука во ладнвина и губиш време?
Рибарот го прашал: Што ќе правам со таа риба?
Бизнисменот: Рибата би можел да ја продадеш. И кога би заштедел доволно пари, би можел да купиш поголем чамец.
Рибар: Што ќе правам тогаш?
Бизнисмен: Би можел да одиш на риболов во длабоките води и да фатиш уште риби, да заработиш уште повеќе пари.
Рибар: Што ќе правам после тоа?
Бизнисмен: Би можел да купиш многу чамци и да вработиш уште луѓе да работат за тебе, и така да заработиш уште повеќе пари.
Рибар: Што ќе правам тогаш?
Бизнисмен: Би можел да станеш богат човек, бизнисмен како јас.
Рибар: Што ќе правам тогаш?
Бизнисмен: Па тогаш би можел да уживаш во својот живот.
Рибар: Зарем не го правам тоа сега?
Не мора да го чекате утре за да бидете среќни и да уживате во животот. Не мора ниту да се збогатите, за да уживате во животот.