ФАКТОР: Каде живее Груевски во моментов?

Чека стан, но засега се уште живее во хотел во Будимпешта. Според неофицијални информации од истрагата, поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија престојува во еден хотел и таму е откако отиде и доби статус на бегалец. Сепак се тврди дека наскоро ќе има детали од истрагата па ќе се знае точно како се случило бегството и кој евентуално би бил одговорен за тоа.

Груевски беше забележан од медиумите во Будимпешта како шета низ градот, а дополнително се појави и снимка како има ручек во еден ресторан.

Тој во последно време не се огласил на фејсбук иако со две објави прво пријави дека е таму, а после и дека добил азил од унгарската држава.

Груевски е во Унгарија од 13 ноември, а објавата дека добил азил е од 20 ноември. Овде во Скопје се неговата мајка, сопругата и две малолетни деца.

Инаку спред наши информации истрагата има детали како се подготвувало бегството. Според нивни информации можеби се поставувани и мамки, па биле изнајмени и станови во Солун, ама за тоа нема официјална потврда.

Статијата е преземена од ФАКТОР.МК

- Реклама -