Во синоќешното гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ24 рече дека се сомнева дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бил вмешан во бегството на екс-премиерот Никола Груевски и дека има информации кои упатуваат на тоа, а индикативен е фактот зашто пред бегството на Груевски, Мицковски бил во Белград и во Будимпешта.
Запрашан дали имлицира дека Мицкоски е вмешан во бегството, Заев рече:
„И тоа како имплицирам. Се сомневам затоа што тие се фактите. Врз основа на сите информации што ги имам имам право да се сомневам. Нека излезе тој да каже зошто Вучиќ се врати од Турција само за да се види од него, зошто беше во Унгарија (Мицкоски) а не објави ништо. Сигурно не разговараа за конгресот и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде отстрането“ рече Заев и додаде:
„Ова го кажувам затоа што на крајот сака човекот и политички поени да ќари од бегството на неговиот бивши лидер на кој му беше советник, и се направја еден куп зулуми во државата“, реќе премерот во гостувањето во емисијата „Отворено“.