Најмоќните компании за 2018 година

“Интербренд“ ja објави ранг листата на најдобрите светски брендови за оваа година.

Според рангирањето, кое подразбира проценување на вредноста на сто брендови во долари, компанијата „Амазон“ имал најголем раст. Од друга страна, „Џенерал Електрик“ најмногу изгубил на вредност.

Компаниите се рангираат врз основа на овие 3 критериуми:

1. Финансискиот успех на производите и услугите на брендот;

2. Улогата на брендот во носењето одлуки;

3. Конкурентската сила на брендот и неговата способност да ги задржи и одржи побарувачката и профитот.

РАНГ ЛИСТА ЗА 2018

10. „Мекдоналдс“ – вредност 43,42 милијарди долари
Проценета вредност од 43,42 милијарди долари, што значи дека оваа компанија ја зголемила вредноста за пет отсто.

9. „Фејсбук“ – вредност 45,17 милијарди долари
„Фејсбук“ имаше тешка година. Со оглед на се, губењето на вредноста на брендот од шест отсто и вреднувањето од 45,17 милијарди долари и не е така лошо.

8. „Мерцедес“ – вредност 48,6 милијарди долари
Ваквата проценка значи дека „Мерцедес“ ја зголемил вредноста за два отсто во однос на 2017 година.

7. „Тојота“ – вредност 53,40 милијарди долари
Вредноста на оваа компанија се зголемила за шест отсто за разлика од претходната година.

6. „Самсунг“ – вредност 59,89 милијарди долари
Вредноста на овој бренд исто така забележала раст од шест отсто.

5. „Кока Кола“ – вредност 66,34 милијарди долари
Оваа компанија загубила пет отсто од својата вредност во однос на претходната година, но се уште котира високо на листата.

4. „Мајкрософт“ – вредност 92,72 милијарди долари
Софтверскиот гигант ја зголемил вредноста на брендот за 16 отсто во текот на оваа година.

3. „Амазон“ – вредност 100,764 милијарди долари
Вредноста на брендот на оваа компанија се зголемила за неверојатни 56 отсто.

2. „Гугл“ – вредност 214,48 милијарди долари
Со раст од 10 отсто во однос на минатата година, „Гугл“ е многу блиску до врвот на листата.

1. „Епл“ – вредност 214,48 милијарди долари
Растот на „Епл“ во однос на минатогодишното рангирање е 16 отсто.

- Реклама -