Безбедносна камера во британскиот град Stoke-on-Trent уловила тажен момент кога еден сопственик го остава своето куче на улица и заминува со кола.
Во меѓувреме кучето е лоцирано и згрижено од ветеринари и ќе чека нов сопственик.
Сепак, корисниците на друштвените мрежи не можат да го преболат тоа што му се случило на Scoop (така го нарекле новинарите), особено што на снимката се гледа колку жално скока и трча по колата.
Меѓутоа, тажната снимка од напуштањето на Scoop ja осветли и другата страна од паричката. Имено, во коментарите се пријавија многу сопственици кои се пресреќни со своите кучиња, а со нив завршиле токму затоа што некој друг ги оставил. Ете, како што рековме и во насловот, понекогаш лошото за добро е.