Семејство од село Белица си има мало еленче за домашно милениче (ВИДЕО)

Една од поубавите предновогодишни приказни деновиве. Видео објавено на Фејсбук профилот на село Белица (кичевско), прикажува семејство од селото кое за милениче си има мало еленче. Го викаат Бамби, а откако корисниците на друштвените мрежи го прогласија ова за едно од најслатките нешта што ги виделе во последно време, семејството од Белица реши да објави уште едно видео. Од ова второво ќе дознаеме и понекое деталче плус за ова несекојдневно милениче кое очигледно нема проблем секојдневно да живее со луѓе и во домашни услови.


PS. Прво пишавме срна, ама упатените читатели нé поправија дека е еленче. Благодарност до нив и извинување за грешката.

- Реклама -