Дурловски: Го ризикувам својот и животот на своите најблиски, но нема да барам амнестија

Оперскиот пејач Игор Дурловски, обвинет за настаните од 27 април и упадот во Собрание, на својот Фејсбук профил соопшти дека нема да поднесе барање за амнестија. Наместо тоа, вели Дурловски, ќе ја продолжи борбата за докажување на својата невиност, иако смета дека со тоа го става на ризик и својот, но и животот на неговите најблиски и најмили.

„Почитувани, наместо молба за помилување, ја споделувам со Вас мојата одлука да продолжам со борбата за докажување на мојата невиност за обвинението за кое ми се суди.

Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот на моите најмили, но, убеден сум дека ме разбираат зошто ова е важно, да се бориме за своите принципи, за правда, доследно и храбро.

Се надевам дека со оваа одлука ќе и ја одземам можноста на политиката да се постави над правичноста и судството. Во свое име и во име на моите пријатели од „Заедничка Македонија“ и на илјадниците чесни и мирољубиви граѓани кои ги исполнуваа улиците со љубов кон татковината.

Ја отфрлам можноста да бидам дел од селективна правда и понатамошни интриги со криење позади превезот на Вашето политичко „помирување“. Вистинско помирување може да постигнеме само со правда, чест и морал.

Останувам со чисто срце со љубов кон татковината, верба во Бога и надеж за подобра иднина за сите нас.

Да живее Македонија 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 “, порачува Дурловски со песната „My way“ во изведба на Sid Vicious и Sex Pistols.

Постот

- Реклама -