Руското министерство за надворешни работи, упати реакција по повод анти-руските коментари и поттикнувањето на ант-руска хиcтepиja во Македонија од страна на заменик-државниот секретар на САД Џон Саливен, за време на неговата посета во Скопје на 18.декември годинава
„Не можеме да не обрнеме внимание на новата серија на обвиненија против Москва за некое мешање во внатрешните работи на Република #Македонија. Овој пат ги искажа првиот заменик државен секретар Џон Саливан за време на неговата посета на Скопје на 18 декември. Според него, #Русија, како што велат, го блокира пристапувањето на македонската држава во #НАТО и се обидува да го спречи спроведувањето на Преспанскиот договор “против јасна волја на македонските граѓани”. – велат од МНР на Русија
– Ние би сакале да го вратиме американскиот службеник во реалноста. Прво, “јасна волја на македонските граѓани” беше изразена со неуспешниот исход на референдумот во балканската република на 30-ти септември оваа година. Според неговите резултати, мнозинство од населението го отфрли наметнато од страна на #САД влечење на Скопје во евроатлантските структури во замена за промената на државното име и откажувањето од националните интереси на земјата, додаваат од дипломатскиот сектор на Руската Федерација
Второ, што се работи за мешање на Русија, добро е познато дека американскиот амбасадор беше присутен во зградата на Собранието на Република Македонија за време на скандалезното гласање на 19 октомври оваа година. “За да се обезбедат неопходните резултати беа користени валкани манипулации, поткуп и уцена на пратениците, што стана познато во јавноста. Покрај тоа, не руските, туку посетителите од САД, #ЕУ и земјите од НАТО речиси секојдневно доаѓаа едни по други во Скопје, само за да се наметнат уставни измени.
Сè е како и обично. Со безосновна антируска реторика, Вашингтон се обидува да го оправда своето бесрамно мешање во внатрешните работи на Република Македонија, да го легитимизира несоодветниот Преспански договор и да ја влече уште една земја од Балканот во НАТО против волјата на граѓаните, како што беше случајот со Црна Гора во 2017 година.”