Ќе започнеме ли преговори за членство во ЕУ?

Македонија се уште нема ниту датум за преговори, но еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, смета дека може да им се придружи на Србија и Црна Гора, кои веќе се наоѓаат на евроинтеграцискиот пат и кои одамна ги почнаа преговорите за пристапуваање кон ЕУ.

По завршувањето на уставните измени и ратификацијата на преспанскиот Договор во Грција, Македонија автоматски ќе ја активира поканата за членство во НАТО.

Наредната 2019-та ќе биде годината кога Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ, истакна вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на денешната средба со новинарите.

Ваквите очекувања Османи ги темели на постигнувањата во, како што рече историската 2018, на очекувањето за финализација на обврските од Преспанскиот договор во земјата, на реализацијата на зацртаното од Планот 18 и пред се на изјавата на еврокомесрот Јоханес Хан за временската рамка за пристапување кон Унијата.

-И покрај тоа што постои песимизам дали сме ние подготвени, сепак, потврдата од комесарот Хан дека Македонија може заедно со Србија и Црна Гора да ја фати 2025-та е вест на годината бидејќи 2025 е пред врата и топката е на наша половина да испорачаме за да може да го фатиме тој рок, рече Османи.

- Реклама -