Крсто Мукоски и Никола Митревски-Кољо поднесоа барање за амнестија

Крсто Мукоски пратеникот што ги отвори собраниските врати на 27-ми април е еден од 5-мината обвинети кои во петокот поднеле лично барање за амнестија во кривичниот суд.

Според Телма, барање поднел и Никола Митревски-Кољо, Оливер Радулов.

Адвокати на обвинетите Сашо Василевски и Александар Василевски- Нинџа потврдија дека нивните клиенти во понеделник ќе поднесат барања за амнестија.

Крајниот рок да се побара амнестија е вторник. Потоа во рок од 5 дена судот и обвинителството треба да се изјаснат дали го прифаќаат барањето за амнестија или ќе продолжи постапката против барателите.

Според одредбите од Законот амнестијата ќе може да ја искористат, пратениците кои се обвинети и за кои тече веќе судски процес, иницијаторите на протестите „За заедничка Македонија“, но не и за лицата кои се посочени како организатори, извршиле насилство или пак не постапиле согласно службената должност.

- Реклама -