Саливан: Русија ќе направи сé што може за да го поткопа Преспанскиот договор

Во посета на Македонија денеска е заменик-државниот секретар на САД – Џон Саливан. Саливан е највисокиот  функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Македонија. На пресот по средбата со премиерот Зоран Заев, тој го пофали неговото и лидерството на министерот за надворешни работи – Никола Димитров, но не ги заборави и пратениците кои гласаа за отварање на уставните измени.

На пресот, новинарите го прашаа Саливан и за руското влијание во регионот.

„Горд сум што стојам тука во име на САД да дадам поддршка за она што Владата и граѓаните на Република Македонија го сакаат, а тоа е влез во ЕУ и НАТО. Не сме тука да потпалуваме нешто, туку да ги поддржиме легитимните одлуки на храброто лидерство на премиерите на двете земји“, порача Саливан.

Прочитајте и:  Американците со уплав од Трамп гуглаат како да се преселат во Канада, Нов Зеланд, Австралија...

Тој оцени дека не е тајна дека Русија се спротивставува на Преспанскиот договор и членството на Македонија во НАТО, и дека Русија ќе направи сé што може во сопствен наспроти интересот на Македонија, притоа поткопувајќи го Преспанскиот договор.

Меѓутоа, порача Саливан, САД стојат до Македонија, не се изненадени од руското влијание „на патот што Македонија го избрала“ – евидентно, според Саливан, и во американските избори во 2016-та, а и ќе ѝ помогнат на македонската влада, како и на другите влади, во разоткривање на сите активности што Русија ги презема за да ги поткопа легитимните и демократските процеси во државите.

Повеќе на Фокус.

- Реклама -