Здравјето на Груевски е одлично, но тој е малку загрижен, открива гостинот по посетата во Будимпешта

Иако Александар Трајковски при пристигнувањето на денешното рочиште за „Насилства во Центар“ ги избегна новинарите, за време на паузата водел доста отворен разговор со нив, иако не пред камери.

Трајковски, кој минатата недела беше фатен на фотографија заедно со Груевски во Будимпешта, вели дека со екс-премиерот се сретнал како со сопартиец и поранешен лидер, а во Будимпешта бил поради здравствен преглед.

Но Трајковски откри и пар детали за тоа како Груевски го поминува времето во престолнината на Унгарија. Здравјето му е одлично, но Груевски е загрижен и не излегува често, вели Трајковски, без да прецизира на што точно се однесува загриженоста на осудениот екс-премиер.

Трајковски се пожалил и дека тој неправедно е мета на јавноста само поради средбата со Груевски, а дека по пишувањата во медуимите бил многу вознемирен и не можел да спие цела недела.

Во меѓувреме, за сите прашања поврзани со тоа што прави Груевски во Будимпешта, Трајковски ги упати новинарите да му пишат порака на социјалните мрежи, бидејќи тој постојано бил активен.

Извор: Телма

 

- Реклама -