Во најпознатата бебешка пудра пронајден азбест

Во бебешката пудра на познатиот бренд Johnson&Johnson биле пронајдени траги од азбест. Компанијата за ова знаела уште од 1971 година, се вели во истражувањето на Ројтерс.

Цитираните документи веќе се дел од судска постапка. Според подносителите на тужбата бебешката пудра може да предизвика рак на јајниците. Во јули судот пресуди во корист на 22-годишна девојка која тврдела ракот и настанал поради производ на компанијата.

Сепак, тие ги негираа информациите и рекоа дека обвинувањата се „еднострани, лажни и тенденциозни”. Според Johnson&Johnson, илјадници независни тестови докажале дека во нивниот производ нема азбест. По веста, акциите на компанијата паднаа за 10%.

- Реклама -