Каракачанов: Нема да гласаме за членство на Македонија во НАТО

Потпретседателот на бугарската влада и министер за одбрана Красимир Каракачанов денес порача дека неговата земја нема да гласа за влез на Македонија во НАТО, доколку, како што рече, Македонија не се откаже од фалсификуваната историја.

Каракачнов за бугарската ТВ Нова рече дека во македонско-бугарската комисија која треба да се занимава со спорните историски прашања, нема напредок и дека македонските членови се арогантни.

– Не се согласувам дека со Македонија постигнавме компромис за спорните историски прашања, вели Каракачанов, кој е претседник на бугарската партија ВМРО, коалициски партнер во владата на Бојко Борисов.

Ова не е прв пат Каракачанов да најавува блокада за Македонија во евроатлантските интеграции.

Минатта седмица, тој го предупреди македонскиот премиер Зоран Заев да не го злоупотребува прашањето за македонскиот јазик, бидејќи, тоа можело да ја чини земјава членство во НАТО и ЕУ.

Македонското министерство за надворешни работи ја осуди таа изјава на Каракачанов, а премиерот Заев порача дека тој е Македонец и зборува македонски јазик.

- Реклама -