Барселона изведе неверојатен пресврт (видео)

Фудбалерите на Барселона го продолжија максималниот ефект во Примера дивизион, извлекувајќи неверојатна победа на гостувањето во Севиља, каде губеа со 2:1 до 89.минута, а потоа победија со 2:3.

Цеск Фабрегас и Давид Виља со голови во самата завршница успеаја да им донесат три бода на Каталонците, а трагичар на мечот е домашниот фудбалер Демел кој во 72.минута заработи црвен картон, откако без топка го удри Фабрегас.

Троховски со одличен удар ја доведе Севилја во водство во 25.минута, а Негредо на почетокот на вториот дел зголеми на 2:0. Фабрегас намали во 52.минута, а потоа каталонскиот тим имаше супер-завршница во последните минути од мечот.

{youtube}uJpN8kWbZms{/youtube}

Барселона по шест кола во Примера дивизион има максимални 18 бодови и во моментов има 11 бода предност пред големиот конкурент Реал Мадрид, кој утревечер на „Сантијаго Бернабе“ го пречекува Депортиво Ла Коруња.

Прочитајте и:  Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи
- Реклама -