Прислушувани и телефоните на „сензитивни мети“ – сопругата и братот на Сашо Мијалков

Ексдиректорот на УБК – Сашо Мијалков и неговата сопруга – примабалерина Сандра Мијалкова, на отварањето на Филхармонијата во мај 2017-та (Фото: МИА)

На денешното рочиште за „Таргет-Тврдина”, на прашањето на обвинителот Артан Ајро до сведокот Ѓоко Лазаревски – поранешен вработен инженер во МВР, да објасни што мисли со тоа дека „имало броеви кои се сензитивен таргет на следење на комуникациите“, Лазаревски одговори дека се следеле и телефоните на Влатко Мијалков и Александра Мијалкова – братот и сопругата на Сашо Мијалков, пренесува „Макфакс“.

На ова обвинетиот Сашо Мијалков реагирал со гестикулација – го погледнал сведокот и завртел со главата во знак на негирање, пренесува „СДК“.

Сведокот Лазаревски, заедно со Звонко Костовски, ја откри аферата „Таргет“ откако со години прибирале докази од нелегалното прислушување во УБК.

 

- Реклама -