Скопје има 1200 вишок административци, Шилегов вработил нови 25 зашто му требале стручни

„Имаме 1.200 административци повеќе од она што ни е потребно. Веднаш ќе потпишам во ’Градски паркинг‘ да останат само 130 вработени кои се стручни и тогаш веќе нема да треба да вработувам нови. ЈСП ’Скопје‘ има 700 административци, или повеќе отколку што има возачи. ’Градски паркинг‘ јас кога станав градоначалник имаше 237 вработени, а сега има 258. Од нив половината се вишок и слободно може да си одат. Вработувани се по партиски клуч и тоа ни е јасно, а мене ми требаат стручни луѓе. Како да не вработувам нови. Ве повикувам вие да бидете претседател на комисија што ќе направи списокот на над илјада вработени од јавните претпријатија кои би требало да бидат отпуштени“, ѝ понуди скопскиот градоначалник Петре Шилегов на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ откако таа го искритикува дека вработил 25 нови луѓе во ЈП „Градски паркинг“.

Одговорот на Колариќ прочитајте го на СДК.мк.

 

- Реклама -